Фриленс – Вовед

Барате работа на интернет? Се прашувате што е тоа фриленсинг и какви се работите на фриленсерите? Знаете ли што е фриленсер?

Што е фриленсинг?

Фриленсинг е една од најдобрите методи на заработување на интернет. Зависи исклучиво од вештините, способностите и искуството на поединечни личности, односни фриленсери. Фриленс начинот на работа подразбира самостојна работа со клиентите, без точно определено временско време.

Кој е фриленсер?

Фриленсер е самовработен работник. Личност која не е поврзана само со еден работодавач и истовремено може да работи за повеќе луѓе. Во зависност од интересите и занимањето фриленсерот, тој/таа избира проекти за одредена компанија и се обврзува работата да ја заврши во дадениот рок. Штом ја заврши работата – добива плата за завршената работа и преминува на друг проект.

Вовед во фриленсинг

Со оглед на тоа дека повеќето фирми кај нас бараат работници со веќе работно искуство, а вие само што имате завршено факултет и тешко е да најдете работа. Можеби, единствено решение е да почнете да работите како фриленсер, со што ќе стекнете искуство и потоа можност за да се вработите во некоја од нашите компании. Инаку, како фриленсер можете да работите и доколку имате веќе постојана работа, вишок на слободно време и желба за поголема заработка.

Фриленсинг – концепт на работа

Фриленсинг работата не е ограничена само на работници, туку е подеднакво корисен и за работодавачите. Работодавачите (особено start-up компаниите) во можност да пронајдат квалитетен кадар без долгорочни договори и по многу поволна цена, се одлучуваат да објавуваат огласи за part-time работа.

Плаќањето на работата зависи од договорот и онлајн заедницата за која работи фриленсерот. Фриленсерот може да го договори плаќањето дали ќе работи од саат, на дневница или фиксна цена која ќе му биде платена по завршувањето на проектот. Но, најчесто се применува начинот на плаќање од саат.

Некои од работите со кои фриленсерите најчесто се занимаваат се: програмирање, веб дизајн, графички дизајн, преведување, новинарство, консалтинг, уредување и вметнување на текстови, видео продукција и сл.

Предности на фриленсингот

Покрај веќе споменатите работи, важно е да се напомени и дека како фриленсер Вие сте сам свој газда. Значи, работите на колку сакате работи, сами си го одредувате времето во кое ќе работите и колку ќе работите, и никој не може да ви забрани да пиете и јадете на „работното место“. Единствено што се очекува од вас е да ги почитувате дадените рокови и успешно да си ја вршите работата.

Доколку се занимавате со веб програмирање, искористете го Вашето знаење и заработите со работење на различни веб проекти. Доколку сте економист – можете да работите на проекто од областа на маркетингот и сл. Но, никој не ве спречува да работите и на проекти од повеќе области, како на пример WordPress развој и маркетинг на друштвените мрежи.

Постои голем број на онлајн заедници преку кои можете да ја започнете Вашата кариера, а мој предлог за почеток е oDesk.com.

Kazam Screencaster – FIX за Ubuntu 11.10

Минатата година :D , пишував за Kazam – софтвер за снимање на работната површина. Но, имаше проблеми со работењето на Убунту 11.10. Благодарение на David “Big Whale” Klasinc кој ги поправи баговите, сега можеме повторно да снимаме со Kazam без никакви проблеми.

Што нуди Kazam:

- Снима видео и аудио
- Снимените датотеки се во .mkv формат
- Вграден прикачувач кон YouTube

Надградба

Додадете го следното PPA во Software Sources, апдејтирајте и инсталирајте го kazam од Ubuntu Software Center.

PPA:

ppa:bigwhale/kazam-oneric

Или поедноставно, пишете ги следните линии код во Вашиот терминал:

sudo add-apt-repository ppa:bigwhale/kazam-oneric
sudo apt-get update
sudo apt-get install kazam

„Open As Administrator“ на десен клик

Доколку ви е преку глава од тоа кога треба да отворите некоја датотека со root привилегии, па морате да го исклучите веќе отворениот nautilus и повторно да го отварате, но како root, еве решение.

1) Потребно е да ја инсталирате gksu екстензијата за nautilus;

sudo apt-get install nautilus-gksu


2)
Прекопирајте ја наведената датотека во наведениот директориум;

sudo cp /usr/lib/nautilus/extensions-2.0/libnautilus-gksu.so /usr/lib/nautilus/extensions-3.0/

3) Одјавете се и повторно најавете се;

Open as Administrator - gksu екстензија за Nautilus

Како WordPress ја доби круната? [CASE STUDY]

Како WordPress ја доби круната?Smashing Magazine направи интересно истражување во кое покажува како WordPress ја доби златната круна против Joomla и Drupal како најраспространет CMS во светот. Една од работите која најмногу им се исплати на WordPress е едноставноста која ја направија за објавување на содржината и со тоа и самата платформа да може повеќе да се проширува со различни додатоци и теми.

Читај повеќе

Cloud Backup

Дали некогаш ви се има случено поради проблеми со компјутерот или несакана грешка да изгубите важни податоци? Хардверот не е вечен, вирусите знаат да направат проблеми, а понекогаш дури и невнимателно се случува да избришете некои важни и помалку важни податоци од Вашиот хард диск…

Читај повеќе